loading...

Ќе има правда! Започнува чистка во судството! Над 100 судии подржувачи на режимот и неправдата ке бидат разрешени?

Рекордни 110 претставки за разрешување на судии ќе се најдат пред членовите на Судскиот совет од четврток натаму, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори. Иницијативи за разрешување се насобрале најмногу од Советот за утврдување на факти за разрешување на судии, кој по укинувањето му ги предал на претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, но имало и нови претставки.

Според она што го дознаваме, од позвучните имиња, три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките имала судијката Моника Бахчовановска. Натаму, пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити. Тие како кривичен совет, со гласови 3:2 го ослободија од притвор тогаш избеганиот бизнисмен Сеад Кочан, кој е обвинет во предметот на СЈО под кодно име „Труст“.

loading...

Едниот од двајцата судии кои тврдат дека гласале против одлуката Кочан да се брани од слобода, очекува Судскиот совет да оди до крај за овој случај и да има одлука, а не да ја отфрли иницијативата. Судијата вели дека единственото место каде законот им дозволува на судиите да кажат како гласале при носење одлуки е токму Судскиот совет.

loading...
loading...
Close
WpCoderX