loading...

10 трикови како да заштедите гориво!

После одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на горивата за 2,5 до 3 денари по литар, ние ви презентираме неколку начини преку кои може да заштедите гориво при возење.

Проверете ги гумите. Слабо надувана гума секогаш ја зголемува потрошувачката. Затоа, често проверувајте го притисокот на гумите;

loading...

Не забрзувајте и не кочете непотребно – одржувајте темпо при возењето;

Не вклучувајте ги различните уреди непотребно – тие ја зголемуваат потрошувачката (клима уред, греач на стакло, греач на седиште итн;

Поврзете ги дестинациите бидејќи возењето на кратки релации троши повеќе гориво;

Редовно одржувајте го возилото;

Немојте непотребно да го оптоварувате возилото – ослободете го од сите непотребни работи што ги превезува (на пример, багажник на кров);

Возете на ниски вртежи, порано префрлувајте на повисок степен;

За време на подолго застанување исклучете го моторот;

Не возете со отворени прозорци – протокот на воздух ја намалува аеродинамиката.

loading...
loading...
Close
WpCoderX