loading...

ОБАМА ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ! 35 РУСКИ ДИПЛОМАТИ ПРОТЕРАНИ ОД САД

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама протера 35 руски дипломати, обвинети за нарушување на дипломатските односи.

Покрај тоа, владата на САД одлучи да се затворат две руски претставништва во Њујорк и Мериленд, за кои сметаат оти биле користени за разузнавачки цели.

Ова следува откако во октомври, американските разузнавачки служби, објавија дека преку сајбер напади за време на изборот на претседател на САД, најголемиот број на хакерски упади биле токму од руски хакери.

Обама истакна дека дел од доказите во случајот нема да бидат објавени поради правото на тајност. Русија пак, негираше какво било мешање за време на претседателските избори во САД.

Close
WpCoderX