loading...

АПАШЛУК ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ НА ГРБОТ НА НАРОДОТ!!! ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВИ БЕНИФИЦИИ КОРИСТАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ

НАДОМЕСТОК НА ОПРЕДЕЛЕНИ МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ И ДРУГИ ПРИМАЊА

Член 26

На пратеник во Собранието, претседателот на Република Македонија, претседателот и потпретседателот на Собранието, претседателот, потпретседателот и членовите на Владата, им се обезбедува бесплатен превоз во железничкиот и патниот сообраќај во Републиката во сите правци.

Член 27

Надоместоците за определени трошоци на избраните и именуваните лица во Републиката, се утврдуваат според висината на трошоците, а можат да изнесуваат:

1)  дневница за службено патување во земјата без трошоците за ноќевање

–  до 8% од просечната нето плата по работник исплатен во Република Македонија во претходните три месеци,

– трошоците за ноќевање се признаваат во полн износ, според приложената сметка, освен во хотелите од де лукс категорија,

– дневницата за службено патување во странство согласно со Уредбата за издатоците за службен пат и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековни трошоци;

2) надоместок на трошоците за користење автомобил во лична сопственост за службени цели

– до износот што според еден изминат километар не може да биде поголем од 30% од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи;

3) надоместок поради одвоен живот од семејството до 30% од просечната нето месечена плата по  работник исплатен во Република Македонија во претходните три месеци;

4) надоместок за селидбени трошоци од местото на живеалиштето до местото во кое се врши функцијата, односно до местото на преселување во рок од една година од денот на престанување на функцијата. Во селидбени трошоци на функционерот се признаваат и трошоците за превоз на функционерот и на членовите на неговото домаќинство. Селидбените трошоци и трошоци за превоз се исплатуваат врз основа на приложени сметки и документација, под услови утврдени со општиот акт на органот од член 3 на овој закон;

5) надоместок за користење на годишен одмор најмалку во висина на просечната месечена плата по работник исплатен во Република Македонија, во претходните три месеци;

6) испратнина при заминување во пензија во висина на двократен износ од просечната месечна нето плата по работник во Републиката, објавена до денот на исплатата; и

7) надоместокот на трошокот за погреб во износ на две просечни месечни нето плати на функционерот, а ако трошоците за погреб не ги поднесува неговото семејство – во износ на последната нето плата на починатиот функционер;

Член 28

На избраните и именуваните лица во Републиката им припаѓа и:

1) надоместок на плата во случаите на неспособност за работа поради негова болест или повреди до 21 ден под услови и износ утврдени за работниците во органот во кој ја врши функцијата и

2) надоместок на трошоците за превоз заради посета на потесното семејство од кое функционерот живее одвоено до четири патувања месечно, со правдање на трошоците за превоз, ако не прима надомест за одвоен живот од семејството, а нема право на бесплатен превоз.

 

loading...
Close
WpCoderX