loading...

Бившото момче на Мелита ги злоупотребило фотографиите?

Извор: Трендсетери

Откако се провлекоа фотографиите во долна облека на Интернет на Тв водителката Мелита Ракичевиќ и ја разбрануваа јавноста, ние решивме малку детекстивски да ја разгледаме целата ситуација. Исконтактиравме неколку многу блиски пријатели на Мелита кои сакаат да зборуваат ама анинимно. Тие се согласни во едно, нејзиното момче битолскиот бизнисмен Виктор Ѓошевски ги дал нивните приватни фотки на медиумите.

-Мели и Виктор тајно  се забавуваа повеќе од две ипол години. На почетокот им цветаа рози. Мели беше среќна,  тој среќен. Ја опсипуваше со љубов, скапи подароци и и́ посветуваше големо внимание. Потоа момчето стана болно љубоморно. Ја следеше цело време и не и даваше буквално простор да дише. Јас бев светок на неколку ситуации каде тој реагираше многу агресивно кон неа, дури и јас и реков дека се плашам за нејзиниот живот, вели блиска пријателка на Мелита.

И друга нејзината пријателка со исто гледање на работите.

  • Скоро седевме во ресторанот Воденица, онака женско друштво, кога наеднаш се појави Виктор и почна силно да се дере и да вика. Сите гледаа во нас, а Мели како да пропадна во земја. Се обидуваше на другата маса да го смири, но тој искрено ми делуваше лудачки бесен, сите на масата се исплашивме.

Мелита  Ракичевиќ веќе подолго време имала проблем со битолчанецот. Таа за да го заштити семејството, се правела дека се е во ред. Дури и кога пред еден месец и го уништија белиот мерцедес, Мели молчела. Нејзните пријатели искрено се исплашени за нејзината безбедност. Велат дека  фаталната љубов на Виктор, може да ја чини живот.

  • Сите сме многу вознемирени. Ја предупредив само да не заврши како пејачката Ксенија Пајчин, не дај Боже. Да бидам искрена, кога искочија фотографиите во јавноста, јас одма и реков „Мели ова се пуштени од него и од никој друг“. Таа молчеше, раскажува нашиот соговорник.
Close
WpCoderX