loading...

(ВИДЕО) ГО ПРЕДВИДЕ БРЕГЗИТ И ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Сега предвидува распад на ЕУ до крајот на 2017!

Шкотот Марк Блајт, професор на американскиот Универзитет Браун кој го предвиде Брегзит и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, сега предвидува дека Европската унија ќе се распадне до крајот на оваа година.

Блајт кој предава политичка економија со веќе наведените предвидувања, го предвиде и резултатот на инталијанскиот референдум за уставните промени чиј негативен исход го натера на оставка премиерот Матео Ренци.

.@MkBlyth from @BrownUniversity got his 2016 predictions right… his predictions for 2017? An EU that ceases to exist…

 

Тој тврди дека Европската унија ќе се распадне и тоа можеби дури и пред Велика Британија да покрене расправа за членот 50 од Лисабонскиот договор на ЕУ, што е почеток на формален процес за излез од Унијата. Со тоа, Блајт, во интервју за БиБиСи тврди дека за Франција кобни последици би можела да има и политиката на спречување избори за претседателка на држава Марин Ле Пен која има голема поддршка во избирачкото тело.

„Имаме избори во Франција кои се приближуваат, во кои лесно уверлива е опцијата за победа на Националниот фронт во првиот круг. Тогаш сите во Франција ќе организираат голема коалиција која ќе се обиде да го спречи нејзиниот избор“, рекол Блајт.

loading...
Close
WpCoderX