Јоци: Искрено, не знам која партија би направила Влада со било која албанска со вакви уцени и ултиматуми

Албанските партии, чии директори делат тендери и не може ни еден снег да исчистат и секоја година не сносат никаква одговорност ни за тоа, усвоија заедничка платформа за учество во било која идна Влада, со било која македонска партија, под услов -исполнување на сите нивни желби и барања.

Како на пример- редефинирање на Уставот. Бараат албанскиот јазик во Уставот да стане втор службен јазик. Да упростиме, без ракавици.

Искрено, не знам која партија би направила Влада со било која албанска со вакви уцени и ултиматуми. Но, за мене е неприфатливо, без попис, една етничка група да стане порамноправна во Уставот и институциите без останатите-Срби, Турци, Роми, Власи.

loading...
Close
WpCoderX