loading...

О, Македонци, не можете да загубите ништо! Немате ништо, фамилијата ви зеде се

О, Македонци, не можете да загубите ништо!

Мавис Галант, една од најголемите канадски писателки, во една прилика го дефинирала Канаѓанецот како “некој кој има логична причина да мисли дека би можел да биде Канаѓанец”. Значи, сосема различен начин на размислување од идеологијата на “крвта и тлото” со која пречесто, сосема погрешно, се дефинира националниот идентитет на нашите простори. А преку двојазичноста и мултикултурализмот како официјални доктрини, различно и од концептот на таканаречениот “мелтинг пот” во Соединетите американски држави.
Не го пишувам ова затоа што мислам дека ние би можеле да станеме втората постнационална земја, општество без базичен идентитет и мејнстрим, по Канада. Обратно, мислам дека никој што не е битанга или злотвор не може да најде “логична причина да мисли дека би можел да биде Македонец!”. Само сакам да кажам дека тој Македонец би можеле да живеее со помалку бронза во шупакот.
Дали може со помалку бронза или нешто друго да живее и Албанецот, не знам, но ако ние им покажеме дека можеме, можеби, ќе можат и тие. И второ и,веројатно, поважно како порака до моите драги Македонци: олабавете се во стравот дека нешто ќе загубите, бидејки, немате ништо, се ви земаа, ве прашаа на милион избори дали да ви земат се, вие рековте- да и тие ви го земаа тоа ебено сето!

loading...
Close
WpCoderX