Мехмети: Хулигани како Груби му го уриваат авторитетот на Ахмети

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети упати тешки зборови против сопартиецот Артан Груби, нарекувајќи го „хулиган и потикнувач на конфликти” и како еден од виновниците за намалување на надлежностите и авторитетот на Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

„За жал нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша Мехмети на Фејсбук.

loading...
Close
WpCoderX