loading...

Во Македонија е завршено времето на политичари кои владеат со провокации

Тема на разговорот беше потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и формирање нова, силна, посветена Влада кон реформските приоритети.

– Мнозинството граѓани на Македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. Режимот е срушен со пенкало и глас. Исто така, силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. Граѓаните избраа промени. Сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата, рече претседателот Заев.

На средбата беа посочени како клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе.

Разговарано е посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата СЈО целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава.

Претседателот Заев оцени дека во Македонија е завршено времето на политичари кои владеат со провокации и реторика на конфликт и навреди кон домашната и меѓународната јавност, како и дека доаѓа време на реална политика во Македонија исклучиво во интерес на граѓаните и на евроатлантските перспективи.

loading...
Секој глас даден за пржинската четворка ќе биде само глас за одржување на досегашната состојба и про...
Мендух Тачи го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека на народот му донел само насилство
ПРЕДСТАВАТА ЗАВРШИ! АДИО! Следи само ДЕМОНТАЖА на бината!
ПОГЛЕДНЕТЕ КАЈ ПОЈДЕ СВЕТОТ, ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ПОД БОСФОР КЕ ГИ СПОИ ЕВРОПА СО АЗИЈА
Какво време не очекува до крајот на јануари и почеток на Февруари
ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА НАС СЕ РАБОТИ ЌЕ КАНДИДИРА НЕЗАВИСЕН ЧЛЕН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА
Close
WpCoderX