Меркел: Штајнмајер е сосема соодветен за претседателската позиција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави  дека министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер е сосема соодветен за функцијата претседател на земјата, откако нејзините конзервативци одлучија да го поддржат овој социјалдемократ како претседателски кандидат.
– Во момент кога светот е нурнат во нестабилности и немири, да се испрати сигнал на стабилност – а тоа го прават конзервативците со поддршката на кандидатурата на Штајнмајер – според моето мислење е исправно и важно, заклучи Меркел.
Нејзините приврзаници првично се надеваа дека ќе промовираат сопствен кандидат за местото на претседател, но одлучија да го поддржат политичкиот ривал Штајнмајер, со цел да избегнат долготраен судир со неговата партија, која е партнер на конзервативците во владејачката голема коалиција.
Местото на претседател на Германија ќе биде празно во март 2017 година, кога сегашниот претседател Јоаким Гаук ќе се повлече од функцијата. Оваа функција во Германија е претежно церемонијална.
loading...
Зоран Ивановски кандидат на СДСМ во 7-цата
Амби Бајрам: Во бундата сум како Доналд Трамп! Новинарите можат да ги следат моите трендови!
Спасов: Да не проговореше Поповски ќе го сметавме за мудрец, човекот бесрамно ги лаже ЕУ и САД
ТЕНЗИЧНО ВО СУДУНИЦАТА КАДЕ СЕ НОСИ ОДЛУКА ЗА НАСИЛСТВО ОРГАНИЗИРАНО ОД ОБВИНЕТИОТ ГРУЕВСКИ, КОНФЛИК...
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕТПРАЗНИЧНО КРУШЕВО НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА БЛАГОЈА БЛАГАДУША
Македонија продолжува без левото крило! Манасков поради скинат мускул го завршува првенството пред в...
Close
WpCoderX