loading...

КУМАНОВЦИ:АХМЕТИ НЕ МОЖЕ ДА СМЕТА НА НАС!

Каменувањето на Ахмети за ДУИ е изолиран инцидент кој не го претставува расположението на народот, за семејството на Џемаил Реџепи алијас коамндант Шкипоња само старт за негостопрмството кое Али Ахмети ќе го доживеее како што велат секогаш кога ќе се приближи кон Куманово.
Луљзим Алити братучед на починатиот Реџепи во изјава за 24 Вести вели дека ДУИ се обидува да го  релативизира случајот, тврди кумановци покажале дека Ахмети не може да смета на нив. Алити демантира дека има политичка заднина иако вели тој е активен во движењето на Зијадин Села, сепак, револтот на кумановци постои од пред Села партија да направи.
На Ахмети му порачува дека нема да му го простат убиството на коамндант Шкипоња, но и тоа што велат убијците не го добиле тоа што го заслужиле, а револтирани се и од куманосвките настани во Диво насеље.
Од Мала Речица пак и денеска повторуваат дека  инцидентот бил политички мотивиран, и дека Ахмети ја има поддршката од  граѓаните. Порачуваат дека тоа што се случи  вчера во кумановско, нема да ја наруши агендата на лидерот на партијата за следниот период и Ахмети повторно ќе оди во Куманово. Дека кумановци се со Ахмети, од ДУИ велат покажала и вчерашната поддршка што ја добил.
Го осудуваме обидот на новите политички иницијативи кои преку злоупотреба на на чувството на едно семејство кое има претрпено лична и семејна загуба да сакаа да поентирата политички. ДУИ направи се да не се наруши спокојот на граѓаните од Куманово. Собирот пролджи во преполна сала каде беше пречекана делегациајта на ДУИ
Лидерот на ДУИ Али Ахемти вчера беше пречекан од група граѓани кои го блокирааа  патот  кај влезот на кумановското село Черкезе. Со цел да го спречат да стигне до крајната дестинација. Собирот на граѓани против ДУИ беше организиран од семејството на Џемаил Реџепи – поранешен командант Шкипоња кој беше убиен минатото лето, по кавгите и пресметките на огранокот на ДУИ во Куманово.
Откако револтираните граѓани сфатија дека Ахмети  ги заобиколил блокадите по спореден пат почнаа да ја каменуваат делегацијата, при што беа искршени стаклата на повеќе автомобили, меѓу кои и автомобилот на Ахмети.
Лидерот на ДУИ заработи и свирежи и пцовки. Полицијата Интервенирала и спречила поголема катастрофа, но од МВР за 24 Вести велат да нема пријави за случајот, а од ДУИ порачуваат дека лично Ахмети одбил да ги пријави случајот.
Close
WpCoderX