loading...

ВЈАЧЕСЛАВ ЗВРЛЕ

Атанас Вангелов

На некоја средба со студенти на државниот Превен факултет на која, во друштво на споецијалниот јавен обвинител Катица Јанева се нашол и јавниот обвинител Марко Зврлевски, студентка му поставила прашање на последниов: дали тој не смета дека треба да си даде „морална оставка“? Според тоа што го прочитав на еден портал, првиот човек на јавното обвинителство се послужил со логичката шема „и…и“ со нејзиниот корелат „ни…ни“ во својот одговор кој гласи: „ако државата е незадоволна од неговата работа може да го смени“.
Државата, барем досега, не го сменила тој обвинител. Следува дека таа е задоволна од неговата работа и нема зошто да го менува. Кратко и јасно! Нема причина за смена од професоинална гледна точка. Уште помалку од морална. Треба да се разбере од тоа дека прашањето за оставка е, во најмала рака, неумесно. Таква е пораката од индиректниот одговор на јавниот обвинител која уследува по подолг, претходен одговор-експликација. Студентите го оцениле како маневра одговорот на обвинителот. Сака да избегне одговор на прашање („откако доби забелешка дека не одговори на поставеното прашање…“)
Кога човек прибегнува кон заобиколени одговори на директни прашања? Тогаш кога нема сигурни, јасни и убедливи на неудобни. А нема, затоа што ни не може да ги има. За тоа дека ни не може да ги има, постојано му зборува неговиот внатрешен морален судија кој се претвора во своевиден мачител. Студентите добро знаат, како и јавноста (правдољубива и клиенталистичка) дека јавното обвинителство на Зврлевски не мрднало со прст по прашањето криминал на високата власт. Добило кривични пријави со силни индиции од носителите на проектот „Вистината за Македонија“. За Зврлевски таа јавност не постои. Како што не постојат ни суденти како дел од јавност која – прашува. Не постои, затоа што јавноста ја сведува на „една политичка партија“ која од некои свои побуди ширела невистини дека, ете, обвинителството не работело. Напротив, убедува Зврлевски; „нашите обвинители одат со панцири на работа“; „имаме отворено 35 предмети за прислушкувањето“; „не можеш врз основа на нешто незаконско да формирате законски предмет.“
Се разбира дека Зврлевски, како образован човек, знае дека има дупки во неговите одговори: се појавуваат под видот контрадикции кои бодат очи; се разбира дека знае оти тие контрадикции, по правило, сведочат за тоа дека оној што одговара на неудобни прашања заобиколува; дека менува тема – одговара на прашања кои си ги постава сам; се разбира дека знае и многу други работи за кои, со некоој вид садистичко уживање, му зборува неговиот морален судија, главниот виновник за тие зјапнати дупки, контрадикции, како и „други работи“ во неговите одговори. Иако добро ги знае сите тие работи, око не му трепнува кога копа дупки, кога инсталира контрадикции и други патерици од тој вид во своите одговори. Затоа што, просто, има и такви – ликови?
Кон крајот на својата книга “Има ли историја смисла“ (1998) белградскиот филозоф Никола Милошевиќ опишува еден многу познат “егземплар“ (Митрев) од тој вид луѓе кој: или го убил, или му затнал уста, или пак на друг начин се ослободил од внатрешен, морален судија. Тој човек е долгогодишната десна рака на озлогласениот Јосиф Висарионович Сталин, министерот за надворешни работи за надворешни Вјачеслав Николаевич Молотив.
Кога Хрушчов, во 1956 година го отвора прашањето за злосторствата на сталинизмот, неговата некогашна десна рака Вјачеслав Николаевич завршува во изгнанство како амбасадор на Советскиот Сојуз во Улан Батор (Монголија). Таму и дошло до една мала исповед на Молотов пред полскиот амбасадар. Исповедта зборува за тоа дека постојат луѓе без внатрешен морален судија; луѓе без силна „грижа на совеста“ кои прават зла заради зла. Наспроти доктрината на Отец Пелагиј која дели дека, по природа, човекот е – добар. Дека таа природа го тера да се покае кога прави зла. Кога ќе се покае, прифаќа. Признава и така тој човек се враќа кон себеси, кон својата природа, кон доброто. Која била улан-баторската исповед на долгогодишната десна рака на Сталин која „само во еден ден потпишала 3 000 смртни пресуди“?
На прашањето од полскиот амбасадор како, Молотов, реагирал на веста дека Јосиф Висарионович ја уапсил неговата сопруга, тој му одговорил: за тоа дознал со син му кога отишле во нејзиниот апартман (живееле во засебни апартмани) за да ја прашаат “како ја поминала ночта.“ Виделе дека ја нема, седнале на нејзиниот кревет, поплакале малку („реда ради“, како што одговорил Зврлевски на порашање од студенти дали го прочитал Извештајот на европската комисија за РМ?) и потоа си заминале. Секој на своја страна, како ништо да не се случило. Си заминале, затоа што биле убедени дека „товариш Сралин“ ќе знаел како да постапи – „правиљна“ и во нивниот деликатен случај. А ќе знаел затоа што секогаш бил во право. Затоа што бил – непогрешлив.
По тој одговор на Молотов кој го запишал во своите спомени полскиот амбасадор следува кусиот кпоментар на Милошевиќ. Тој вели дека секој обичен човек „од овој свет“ кој се сочува со таква драматична вест би добил, “во најмала рака“, ако не нервен слом од кој не би можел да се опорави, тогаш барем „чир во стомахот.“ Но не Вјачесалав Молотов. Тој не добил „ниту кивавица“, а не пак некој неревен слом или чир во стомахот. Напротрив, пишува уште Милошевиќ, тој Молотов, во длабока старост, на деведесетгодишна возраст, можел да се види на московските улици како „потскнува“, весело и безгрижно, под дожд од плуканици во времето на перестројката на Горбачов. Мосаковјаните не му ги заборавиле злосторства на Вјачеслав Николаевич од времето кога бил министер за надворешни работи во влада на СССР.
Ако е (било!) така со еден човек од форматот на Молотов, може дури и да се разбере: зошто човек (Зврлевски) од неспоредливо помал формат, а во земја неспоредливо помала во споредба со некогашниот СССР, постапува така. A постапува како да го убил, како да му ставил фластер на уста или, уште подобро, како да се родил без внатрешен морален судија. Барем така изгледа. Меѓутоа, големата нервоза во одговорите на Зврлевски сведочи за друго. Таа сведочи дека тој морален судија иако пред некоја ископана јама, иако можеби со едната нога во гроб, сè уште му вади душа. Бездушно!

Close
WpCoderX