loading...

Да направиме систем каде сите ќе имаат еднакви шанси и секој ќе биде еднаков пред законот

Каде се можностите за секој граѓанин, одговорноста на секој граѓанин и заедништвото – базичниот општествен договор на кој се потпира Македонија денес?

Ако не се зачлените во “партијата”, немате можност да најдете работа, да добиете стипендија, да реализирате право што ви следува, да си ја барате среќата. Имате можност да ја напуштите татковината.

Ако сте (висок) функционер на “партијата”, не треба да се грижите кога ќе направите кривично дело, кога ќе земете народни пари, кога ќе ја злоупотребите положбата. Ако пак не сте, а критикувате или покажувате интегритет, пркосите и се борите, истражувате криминал, можете да завршите во затвор под сомнителни околности.

Од чувството дека сите припаѓаме на една заедница, едно општество, делиме една судбина, нема ништо. Ако не сте со нив, ако мислите различно, тогаш сте предавник, странски платеник и никаквец. Само “партијата” има право да каже што е вистина, што е правилно, што е добро и да зборува во името на “народот”.

Ова е Македонија која исчезнува. Ова е Грујовистан. Ова не сме ние. Понижување е да се биде дел од овој срам. Можеме ние далеку подобро. Да направиме систем каде сите ќе имаат еднакви шанси и секој ќе биде еднаков пред законот. Општество и земја што ќе им биде татковина на сите. Македонија со која ќе се гордееме.
Се гледаме на 11 декември!

Никола Димитров

Фејсбук статус

Close
WpCoderX