ЏОРЏ СОРОС И ЛИБЕРАЛИТЕ МУ ОБЈАВИА ВОЈНА НА ТРАМП

Американскиот финансиер Џорџ Сорос заедно со други богати либерали кои ја поддржале со десетици милиони Хилари Клинтон, разговараа за дејства против Доналд Трамп. За време на 3-дневна средба зад затворени врати во луксузниот Вашингтонски хотел “Мандарински Ориентал” тие размислуваа големите пари да се пренасочат против победникот на изборите за претседател, соопшти списанието. “Политико”.

На настанот, спонзориран од влијателниот донаторски клуб “Сојуз за демократија”, учествувале лидери на водечки сојузи и либерални групи, како и познати личности од левицата како Ненси Пелоси, сенаторкатa Елизабет Ворен и конгресменот Кејт Елисон. Либералите кројат војна против Трамп. На средбата е дискутирана стратегија на изборите за гувернер и законодавци во државите Њу Џерси и Вирџинија во 2017 година, како и гласањето за Конгрес и Сенат во 2018 година.

Учесниците планирале спречување на 100-дневниот план кој ќе следува по преземањето. Во документите на средбата овој план е наречен “страшен напад врз постигнувањата на Обама и нашата напредна визија за фер и чесна нација”. Во меѓувреме пребројувањето на гласовите од изборите покажа дека Клинтон го победила Трамп со над 1 милион.

Веста која ја пропагираа некои медиуми дека денеска Џорџ Сорос починал, беше демантирана, објави “Њујорк тајмс”. Починал неговиот брат Пол Сорос на 87 година во својот живот на “Петтата авенија” во Њујорк.

loading...
Мендух Тачи го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека на народот му донел само насилство
Заев на Телма: Уверен сум дека ќе победиме, но ако сепак победи мафијата на изборите, јас ќе се повл...
Жерновски кога ќе порасне сака да биде Груевски: Нова боемска улица двојно поскапа од веќе постоечка...
ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ КО ПОПЧИЊА ИЗРАЗИЈА ЛОЈАЛНОСТ КОН САД, ДАЛИ ГРУЕВСКИ СЕ ИЗВИНИ ШТО ПРИСЛУШКУВАЛЕ А...
Што ли кријаат и во што се вмешани? Oва се имињата на судиите кои се исплашени до коска СЈО да изврш...
НА ПОВИДОК УШТЕ ЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КРУШЕВО, ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МАСЛО ОД КАНАБИС
Close
WpCoderX