Русија се повлече од меѓународниот кривичен суд

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој најави повлекување на Москва од договорот за меѓународниот кривичен суд.
Според официјална Москва, ваквата одлука се должи на фактот дека судот не станал самостоен правосуден орган.
„Меѓународниот кривичен суд не ги оправда очекувањата и не стана независно и авторитативно судско тело.“ – изјави портпаролот на руското министерство за надворешни работи.
Од Руското министерство за правда соопштија дека документот стапува на сила на денот на потпишувањето а на министерството за надворешни работи на Русија му е наложено да испрати соодветно писмо до генералниот секретар на обединетите нации.
Британскиот весник Индипендент пак тврди дека ваквата одлука на Москва следува откако неколку европски лидери побарале да се отвори истрага за руските воздушни напади во Сирија.
Францускиот претседател Франсоа Оланд неодамна сугерираше дека Русија треба да се соочи со обвинение за воено злосторство поради нападите кои ги изврши врз источниот дел на Алепо минатиот месец.
Ова се  луѓе кои се жртви на воени злостроства….Оние кои вршат вакви акти, треба да се соочат со одговорноста. – изјави францускиот престедател.
На 14 ноември, главниот обвинител на Меѓународниот Кривичен Суд Фату Бенсуде, за прв пат изјави дека конфликтот во Украина треба да се смета за меѓународен вооружен конфликт меѓу Русија и Украина.
Високиот комесар за човекови права при Обединетите нации Зеид Ал Хусеин им порача на сите земји кои сакаат да го напуштат меѓународниот суд дека ги напуштаат жртвите врз кои биле направени ужасни злосторства.
loading...
Close
WpCoderX