Убеден дека секоја негова лага една маса негови приврзаници ја голтаат како вистина нему му се се привидуваат „странски служби„ домашни предавници, жолти комбиња, Албанци под контрола на СДСМ

Ѓорѓи Спасов

Македонија одела напред-без да забележиме

Опијанет од власта, и од недопирливоста на судиите, покрај се што слушнавме од бомбите на Заев, Груевски и неговата тајфа ја започнуваат својата изборна кампања со слоганот. „За Македонија која оди напред„
Тој, како на секој човек, чиј поглед е заматен од било каков вид на опијанетост ,признава дека веќе не гледа што се случува. Тој живее во друга реалност од онаа што секој трезен и трезвен човек може да ја види. Затоа на избори ,без да дозволи да се дознае кој прислушувал ,кој крадел и кој масовно ги кршел човековите права, оди за да не убедува, преку неговите корумпирани мегафони ,дека : Добро е. Напредуваме. Само уште малку би додал од ова што до сега го правел. Ќе не возел „Во петта брзина„ и Нема да запира ниту на удолница.
Опијанет од дестгодишната апсолутна моќ во земјава, и веќе убеден дека секоја негова лага една маса негови приврзаници ја голтаат како вистина нему му се се привидуваат „странски служби„ домашни предавници, жолти комбиња, Албанци под контрола на СДСМ кои сакаат да ја поделат државата и разни други „карконџули„ и бели глувци , и за нив со сета сериозност зборува како да се реалност.
Како дилер на омраза тој и натаму ги плаши пред се своите приврзаници од некаква „страшна политичка одмазда„ ако се случи тој да ја изгуби власта. Од некаква продажба на името и губење на македонскиот нацинален идентитите и од поделбата на Македонија по етничките линии и се нуди како единствен спасител на името, на јазикот, на унитарноста и зачувувањето на статус –квото во кои сите негови клиенти и гласачи со сигурност ќе ги задржат своите привилегии. Неговата изборна кампања, заедно со листите е јавна навреда на здравиот разум, а неговото избегнување на јавни дебати е испробан трик за јавноста да не ја види неговата празноглавост и за поделба на наша и на негова Македонија со која тој владее. Во таа негова Македонија нема места за промени, за правда ниту за слободна дебата. Во таа негова Македонија само тој е спасителот сите други се поданици или предавници. Во таа негова Македонија секој што не мисли како него и не го подржува јавно може да се надева на дискриминираност, на губење надеж за вработување, на притисок, тортура па и прогон од земјава.

Македонија на 11ти декември ќе избира меѓу понудата на власта да не се менува било што, и понудата од опозицијата дека се потребни радикални промени и отрезнување, забрана на ваков вид пијанстава и казнување на пијаните тимови кои дошле во прилика да управуваат со земјата.
Македонија ќе избира меѓу „малку повеќе од сето она што го слушавме во бомбите „или за промена , правда и нормален живот во Македонија. Изборот не е тежок. Но сепак. Секој си ја избира својата судбина. Иако опозицијата и на овие избори не е обединета, таа е обединета во желбата за вистински промени, и мора да истрае во тоа. Во нејзинете раце е кочницата со која може да го спречи пијаниот возач да не не стркали сите во бездна.

loading...
Close
WpCoderX