loading...

ГЕОРГИЕВСКИ ГИ НОКАУТИРА ДПМНЕ И СДСМ! “НИЕ ЌЕ ЈА ПРАВИМЕ НОВАТА ВЛАДА”

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, на вчерашниот митинг на Колицијата „ВМРО за Македонија“ изјави дека на минатите парламентарни избори направиле грешка што трите партии не биле соединети како сега бидејќи, според анализите, ќе биле освоени помеѓу 60.000 и 70.000 гласови што значи минимум 10 претници во Собранието.

Тој потсети и дека граѓаните не треба да гледаат на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ преку призмата на ВМРО-ДПМНЕ ниту преку призмата на СДСМ, туку како посебен субјект на политичката сцена и алтернатива на сите други политички партии и спас доколку не сакате да го видите она што се случува во минатите години.

– Ние ќе бидеме тие кои ќе ја одлучуваме и ќе ја правиме новата влада на Македонија – рече Георгиевски.

Close
WpCoderX