Полицајци со фалц дипломи има – никој не знае колку

Последните десетина години две многу важни институции – МВР и најголемиот кривичен суд во државата, Основен суд Скопје 1, немаат систематизирани податоци за тоа колку фалсификувани диломи се откриени и процесуирани за вработени во Министерството за внатрешни работи. До овој заклучок се доаѓа по спроведеното истражување на БИРН, поттикнато од случајот од пред неколку месеци откриен во Куманово од страна на самата полиција.

 

Завршиле Виша школа во Косово, се запишале на Педагошкиот факултет во Скопје, каде што референтот на студентски прашања незаконски ги завел во книгата на дипломирани студенти, и им помогнал да станат дипломирани професори.

Вака изгледа високото образование на двајца раководни полициски службеници од СВР Куманово кои се осомничени за злоупотреба на службената положба и за употреба на фалсификувани документи. Случајот беше обелоденет во време на првото министерување на Оливер Спасовски, кога осомничените началници и инспектор беа суспендирани, иако дипломите биле фалсификувани пред 11 години.

Двајца од овие тројца полицајци со лажни дипломи, поранешен началник на отсекот за прикриени човечки извори на информации и главен инспектор во одделот, се условно осудени на шест месеци затвор, за еден има обвинение, додека поранешниот референт од студентските прашања кој им помагал незаконски да добијат дипломи, е во бегство. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за фалсификување исправа.

„Предметот за ова лице е отстапен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство – Скопје, каде што надлежниот јавен обвинител има побарано дополнителни податоци и ги презема сите неопходни дејствија за комплетирање на случајот, по што ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за БИРН.

loading...
Обама за време на посетата на Грција ќе бара да го симне ветото за Македонија во НАТО
ВАНХАУТЕ ПАК СЕ ПОЈАВИ СО ТОЧАКОТ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ЌЕ ГИ АКТИВИРА ЛИ ПОВТОРНО МАЧКИТЕ ПРОТИВ РЕ...
МЕГА ЕКСПЛОЗИЈА!!! ЛУДАЧАТА СЛИКАНА СО КРСТОТ Е УЧИТЕЛКА И СОПРУГА НА ДИРЕКТОТ НА ОУ ТОДОР АНГЕЛЕВСК...
Шилегов најавува Бомба: Во лаги живееме 10 години, ке дознаете колку чини маглата што ја продаваат п...
МОЛК ВО ДПМНЕ И СДСМ ПО ЗАЕДНИЧКИОТ СТАВ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ
СДСМ: НЕ Е САМО КАМЧЕВ, ЌЕ ОТКРИЕМЕ КОЛКУ ТЕЖИ ФАМИЛИЈАТА
Close
WpCoderX