Власта во сред изборна кампања ќе не задолжи 113 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца и внуци

Владимир Петрески

А, да, случајно да не заборавам да ви кажам. Во вторник (29. ноември 2016) власта, насред изборна кампања, ќе се задолжи со дури 113,5 МИЛИОНИ ЕВРА. Да, добро прочитавте – 113,5 милиони евра распоредени вака:

– 8,1 милиони евра на 6 месеци (2,2% годишна камата),
– 86,2 милиони евра на 1 година (2,6% годишна камата)
– 9,7 милиони евра на 2 години (2,7% годишна камата)
– 1,5 милиони евра на 10 години и (3,9% годишна камата)
– 7,6 милиони евра на 15 години (4,3% годишна камата) за вашите деца или внуци да ги враќаат.

Во среда (30. ноември 2016 – утредента откако ќе се задолжи) власта треба да врати 53 милиони евра.

До денот на изборите (11 декември 2016), власта треба да врати вкупно 124,6 милиони евра,

До Нова Година (31. декември 2016) власта (која и да е) треба да врати вкупно 160,5 милиони евра.

Напомена: Овие достасани долгови се однесуваат само на домашните државни хартии од вредност. Евентуалните достасани странски долгови се плус.

loading...
Close
WpCoderX