БРИМА ГАЛУП СО НОВА АНКЕТА: ДПМНЕ СО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД СДСМ

На Груевски му веруваат 20,8 проценти од гласачите, наспроти 11 проценти кои му веруваат на Заев, покажуваат резултатите од последната анкета што ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, „Брима галуп“, објави Република.

prva

Доколку се издвојат одговорите на Македонците што биле дел од ова испитување на јавното мислење, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, ја има довербата кај 28,6 отсто од македонските гласачи. За претседателот на СДСМ, Заев, се изјасниле 13,1 процент од македонските гласачи.

vtora

 

„Брима галуп“, која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален републикански институт, ја спроведе анкетата на барање и во соработка со неделникот „Република“. Теренската анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, е спроведена во периодот од 11 до 17 ноември 2016, при што се анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, тргнувајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде што освен македонското гласачко тело предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

treta

Поголем дел од гласачите во земјава би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 25,8 проценти. За СДСМ се изјасниле 16,7 проценти. Ваков е одговорот на испитаниците на прашањето Ако учествуваат сите партии за која партија би гласале доколку следната недела се одржале нови парламентарни избори?

loading...
Close
WpCoderX