Величковски во скопски Карпош 1 (Видео): Не се водиме по она што сака да го чуе мнозинството, туку од потребното – нема да им се допаднеме на сите, туку ќе имаме поддршка од оние со кои ги споделуваме вредностите

Обраќање на Ивон Величковски, носител на листата на Либералната партија во ИЕ1, видео линк:

–          Ги повикувам скопјани, со чувство, со изграден политички став, да изберат опозициска партија која гарантира дека нема широка коалиција, која ќе остане на овие суштински принципи и која ќе овозможи следната влада да биде без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со тоа кажуваме какви ни се преференците на политиката, со кој би сакале да создаваме владина политика, но во исто време најавуваме: вие кои се идентификувате со Либералната партија – бидете сигурни – вашата доверба нема да биде напуштена и по цена да бидеме опозиција – истакна претседателот на ЛП, Величковски

–          Тука најавувам една определба на Либералната партија – да ја сопреме економската централизација и да ја овозможиме политичката урбанизација. Не е целта се да се донесе во Скопје, официјалните податоци кажуваат дека 42% од БДП веќе се остваруваат во Скопје, тоа значи дека остатокот т.е. 58% е надвор од Скопје. Половина Македонија произведува во Скопје, а градовите и селата надвор од него почнуваат да бидат уништувани.

Затоа одиме со сет непопуларни мерки, администрацијата ќе мора да се редуцира, таа не е основа за економски раст. Второ, било какво чепкање во даночната политика штетно, особено за малиот и средниот бизнис. Не заборавајте 70% од вработените работат во мали, средни и микро компании, а само 30% се вработени во големите фирми. Ако не го одржуваме претприемачкиот дух – нашата економија ќе биде осудена на колапс. Ако десницата го утепа бизнисот, левицата со овие предложени решенија ќе го дотепа и уништи до крај. Немаме време за трета транзиција на македонската економија.

Единствена партија бевме што гласаше против паралелен увоз на лекови. Тогаш не обвинуваа дека сме застапници на фармаколошкото лоби. Дами и господа, денес кога заради популизам пиете апчиња кои не ви делуваат – запрашајте се дали тогаш сме биле лобисти или одговорни политичари.

Во врска со уфрлените теми за отворање на Уставот, носителот на листата на Либералната партија во ИЕ1, Ивон Величковски рече:

–          Претходно наведените се теми на кои треба да се разговара на овие избори, а не прашањата за употреба на јазици, отворање на Уставот на РМ. Или ќе зборуваме за вистинските теми или нема да имаме следна прилика. Доколку сега не ги запреме негативните трендови работата, ќе отиде предалеку. Предупредувам и на уште нешто, во прашање наскоро може да дојде и секуларноста на државата, ќе ја браниме до крај. Секуларноста ни е темел на стабилноста на општеството и на државата.

Во продолжение ви доставуваме и текст на обраќањето на Ивон Величковски:

Вечерашнава средба ја почнуваме онаму каде што сметаме дека треба да го продолжиме ширењето на нашата порака со луѓе кои знаат дека е неопходно да се гласа, но сеуште не се одлучиле за кого, а ги знаат и вистинските приоритети пред нас.

Ние како партија понудивме луѓето да размислат за основниот приоритет, а тоа е да си ја стабилизираме државата, да ја средиме и да ги стабилизираме институциите. Затоа што се покажа дека во изминатиот период – се што поминавме всушност поминавме заради тоа што нашите институции ниту се стабилни, а за волја на вистината веќе не се ни кредибилни повеќе од две години.

Сите што ќе кажат дека кризата е започната во 2014 г. ги демантирам. Кризата е започната многу порано, уште во 2008 а кулминацијата беше во 2011 и 2012 со настаните во Собранието на 24 декември. Нашата основна порака до сите е дека кога ќе се определуваат за гласање – може да бираат да гласаат за пржинската четворка, која се договараше на ваков начин и доведе до вакви избори и ја создаде практично кризата – или да ја дадат довербата на оние што всушност сакаат да најдат начин да се излезе од кризата и да се оспособат институциите, а во исто време таа да не се повтори. Нашиот основен проблем е владеење на правото. Не е дека ние немаме закони во Македонија, туку дека тие не се почитуваат. Или се почитуваат селективно, а се спроведуваат по партиска наредба.

Разговараме за стабилизација на институциите што значи остварување на нашите права како луѓе од право на живот до право на сопственост, и второ стабилизација на нашиот, приватниот, семејниот живот, животот на нашата заедница. А заедница во Скопје е ова маало, заедница е и самата зграда, затоа што во Скопје имаме потреба од урбана политика, а не од провинцијална политика.

Тука најавувам една определба на Либералната партија – да ја сопреме економската централизација и да ја овозможиме политичката урбанизација. Не е целта се да се донесе во Скопје, официјалните податоци кажуваат дека 42% од БДП веќе се остваруваат во Скопје, тоа значи дека остатокот т.е. 58% е надвор од Скопје. Половина Македонија произведува во Скопје, а градовите и селата надвор од него почнуваат да бидат уништувани.

Заради тоа одиме со сет непопуларни мерки, администрацијата ќе мора да се редуцира, таа не е основа за економски раст. Второ, било какво чепкање во даночната политика штетно, особено за малиот и средниот бизнис. Не заборавајте 70% од вработените работат во мали, средни и микро компании, а само 30% се вработени во големите фирми.

Ако не го одржуваме претприемачкиот дух – нашата економија ќе биде осудена на колапс. Ако десницата го утепа бизнисот, левицата со овие предложени решенија ќе го дотепа и уништи до крај. Немаме време за трета транзиција на македонската економија.

Ова се теми на кои треба да се разговара на овие избори, а не прашањата за употреба на јазици, отворање на Уставот на РМ. Или ќе зборуваме за вистинските теми или нема да имаме следна прилика. Доколку сега не ги запреме негативните трендови работата, ќе отиде предалеку. Предупредувам и на уште нешто, во прашање наскоро може да дојде и секуларноста на државата, ќе ја браниме до крај. Секуларноста ни е темел на стабилноста на општеството и на државата.

Ќе се вратам повторно на економијата, економијата и стандардот се меѓусебно поврзани. Не можеме да очекуваме дека намалувањето на профитот на сопственикот ќе се одрази добро на работата на една фирма. Напротив, секој сопственик знае дека треба да го плати работникот. Затоа не прифаќаме да лицитираме со минмална или просечна плата, сите стопанственици во Либералната партија ќе имаат добар политички адвокат што ги разбира потребите на стопанството.

Нашата концепција е Либералната партија да биде во влада која ќе гарантира дека договореното меѓу синдикатот и работодавците ќе биде државно спроведено, контролирано, гарантирано. Се друго е лага, се друго е партиска промоција. Време е за вистински идеи и за вистински решенија.

Доколку сакате да си играте со крупни теми, доколку сакате да си играте со оган, може да ви се оствари целта, но немојте потоа да се чудите каде да го најдете хидрантот, а всушност водата до него не дотекува. Опасноста пред која се наоѓаме е огромна, потребите кои ги имаме се огромни. Цели социјални групи се маргинализирани и оставени надвор од фокусот и интересот на многу политички партии.

Единствена партија бевме што гласаше против паралелен увоз на лекови. Тогаш не обвинуваа дека сме застапници на фармаколошкото лоби. Дами и господа, денес кога заради популизам пиете апчиња кои не ви делуваат – запрашајте се дали тогаш сме биле лобисти или одговорни политичари.

Овде кажуваме дека ќе ги вратиме законските решенија по кои абортусот беше право на избор на партнерите и на жената: жената не е расплоден објект, и тоа во модерна Македонија 65 години по утврдувањето на нејзините права во модерна држава, ние да се враќаме на решенија кои биле пред Втората светска војна – срамота, такво нешто не дозволуваме.

И за ова зборуваме кога велиме урбана наместо провинцијална политика. И за ова зборуваме кога велиме нема да се водиме по она што сака да го чуе мнозинството, нема да им се допаднеме на сите, туку ќе им се допаднеме и ќе бидеме поддржани од оние со кои ги споделуваме вредностите.

Нашата цел е да не се случи повторно влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ВМРО дериватските партии се оние кои ќе ги пренесат гласачите назад во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Ги повикувам скопјани со чувство со изграден политички став да изберат опозициска партија која гарантира дека нема широка коалиција, која ќе остане на овие суштински принципи и која ќе овозможи следната влада да биде без ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со тоа кажуваме какви ни се преференците на политиката, со кој би сакале да создаваме владина политика, но во исто време најавуваме тешко ќе ја преговараме програмата, затоа што од овие принципи нема да отстапуваме. Вие, другите, како сакате, но вие кои се идентификувате со Либералната партија – бидете сигурни – вашата доверба нема да биде напуштена и по цена да бидеме опозиција.

loading...
„ТАВ Македонија“: Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и функционира нормално
Владата гради Панорамско тркало, Жерновски Боемски улици а ова семејство нема пари да се прехрани и ...
И МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО ФРАНЦИЈА СКОКАА ПО КРСТОТ
(ВИДЕО) Терминаторот не издржа! Арнолд Шварценегер: Указот на Трамп е лудост
Фрчко: 90% Администрација се вмровци и треба да има реформи
Груевски до Заев: Прифаќам да одам во затвор, само откажи се од албанската платформа
Close
WpCoderX