Грујо почна со мрачните сценарија: Полицијата пукаше пред штаб на СДСМ во Струмица, се обидоа да приведат млад активист!

Вечерва имаше пукотници од огнено оружје во Турското маало во Струмица, во непосредна близина на штабот на СДСМ-јави 24 Струмица.  Според очевидци на настанот, инцидентот настанал кога тројца припадници на полициските сили во цивилка, две жени и еден маж, го уапсиле младиот 21-годишен Исмет Бејтулов, кој излегол од штабот на Социјалдемократскиот сојуз.

Велат дека цивилите, претходно во текот на денот, биле во џамијата и набљудувале. Очевидците на настанот изјавија дека цивилите пукале два пати во воздух. Револтирани од начинот како бил уапсен младиот Исмет,  успеале да го извлечат и заштитат.

Подоцна припадниците на СВР Струмица ја смирија напнатата  ситуацијата и му ги извадија лисиците на уапсениот. Припадници на СВР Струмица и јавен обвинител излегоа на лице место даизвршат увид. Повеќе детали најавија за утре.

Присутните од местото на настанот изјавија оти се плашат дека вакви ситуации ќе се случуваат до денот на изборите и дека се револтирани од односот на полицајците во цивилка.

Во продолжение погледнете ги видеата од инцидентот и изјавите од очевидците:

Извор: 24 Струмица

loading...
Close
WpCoderX