Неопределените ќе гласаат за опозицијата

Атанас Кировски

Се крена голема врева околу последната анкета што ја презентираше Телма. Многумина сметаат дека телефонска анкета во МКД е методолошки проблематична, и дека расположението е повеќе проопозициско од тоа што покажува анкетата. Околу методологијата има про и контра и за теренските и за телефонските. Што се однесува до опозициското расположение, и јас го чувствувам и затоа кажав дека кај ние 18 % што одговориле одбивам да кажам за кого ќе гласам односот е 2: 1 во однос на опозицијата. Тука има огромен резервоар на опозициски гласови, кои сосема може да ја сменат сликата. Но, не знаеме дали тие луѓе ќе излезат на гласање. Инаку, изминатиов период беа објавени десетици анкети, многу од нив и теренски. Не видов ниту една која покажуваше водство на СДСМ, а правеа и Рејтинг, и Брима Галуп, и М-Проспект, и ИПИС ( Павел Шатев, Димитрија Чупевски и слични, не ги есапам за анкети). Факт е и дека во Македонија гласот на опозицијата во анкетите е потценет, а најилустративен пример за тоа е 2011. Разликата во анкетата покажа дека кој ќе победи, е веќе во маргината на статистичката грешка, и дека изборите се сосема неизвесни.

loading...
Секој глас даден за пржинската четворка ќе биде само глас за одржување на досегашната состојба и про...
БРАТ ЉУБЕ: НИВНОТО ВРЕМЕ ЗАМИНУВА ЗАТОА ШТО НИЕ ДОАЃАМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ ВМРО НА ВИСТИНСКИТЕ ВМРОВЦИ
Груевски: Ниту Македонецот е грд, ниту државата е дијазепам- народот за две недели ќе му одговори на...
Најчевска за Латас: Ова човече мора да биде одстрането од секоја можна функција и мора да му суди не...
КОЦИЈАНЧИ НЕ ИМ ЈА ЧЕСТИТА ПОБЕДАТА НА ДПМНЕ, ЌЕ ЧЕСТИТАМЕ НА ОНОЈ КОЈ ЌЕ СОСТАВИ ВЛАДА
ДЕМОКРАТИЈАТА Е СЕРИОЗНА РАБОТА
Close
WpCoderX