20 години кој што сака му прави на овој народ и на крај го „мафта“ со двојазичност, федерации, кантони, отцепувања и слично

Константин Битраков

Нема позагрижувачко сознание од тоа дека навистина постојат (со)граѓани уплашени од двојазичноста.

Во Република Македонија не може да има двојазичност. Знаете зошто? Бидејќи веќе има ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТ. Таа ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОСТ е воведена уште во 2001 година, кога во Уставот на Република Македонија се внесува одредбата:

„[Освен македонскиот] Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.“

Тоа значи дека не само албанскиот туку и било кој друг јазик што го зборуваат 20% од граѓаните е службен јазик. Ако во иднина одеднаш се населат 20% британци – англискиот ќе е службен.

Освен тоа, фактот дека еден јазик е службен значи дека тој може да се користи во официјалната коресподенција со органите на државата и во јавната сфера (пр. образование). Никој нема да ве тера да учите јазик, без грижи.

Аман веќе, 20 години кој што сака му прави на овој народ и на крај го „мафта“ со двојазичност, федерации, кантони, отцепувања и слично.

loading...
Close
WpCoderX