Разрешени техничките министри Спасовски, Ременски, Николовски и Кирацовски

По објавувањето на конечните резултати од изборите автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во неколку министерства. Штом ДИК официјално ќе ги објави конечните резултати, им завршува мандадот на дополнителните заменици-министри, Оливер Андонов во МВР, Диме Спасов во МТСП, Љупчо Николовски во Министерство за земјоделство и Александар Кирацовски во Министерство за администрација и информатичко општество.

Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом ДИК ќе излезе со официјалните резултати, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски повеќе нема да бидат министри.

loading...
Close
WpCoderX