Ванхауте: Албанци, не учествувајте повторно во Влада во која сте маргинализирани!

Питер Ванхауте, посредникот во преговорите за Пржинскиот договор со текст со наслов: „Кој е вистинскиот победник во изборите?” им се обрати на македонските граѓани, кои како што напиша застанале на страната на вистинската демократија.

Тој посебно им се обраќа на лидерите на партиите на Албанците во земјава кои ги советува да не учествуваат повторно во Влада каде што целосно ќе бидат маргинализирани.

Ја пренесуваме пораката:

„Честитки до сите граѓани кои гласаа за промени. Да, имавте храброст да застанете и да го изберете она што е вредно за сите нас: вистинска демократија, која не е расипана со корупција, со неправилни именувања, со атмосфера на страв.
Да признаеме: како резултат на овие избори, вашата земја заслужува нов почеток со нова Влада и нови лица.
Оние кои мислат дека можат да продолжат по авторитарниот пат, не се во право. Вие, тивкото мнозинство, покажавте дека се грижите за иднината на вашата земја, со вашиот глас, покажавте дека сакате да живеете во слобода во просперитетна земја, со иднина – за вас и вашите деца.
Топката сега е во кампот на албанската заедница: тие ќе одлучуваат за она што ќе се случи следно.
За Албанците, јас би сакал да го кажам следново:

-Не го губете времето повеќе.Не учествувајте повторно во владата, каде што сте целосно маргинализирани. Да, сте имале некои министри, па дури и заменик-премиер.Но, за сите важни одлуки, вие бевте отфрлени од страна на вашиот коалиционен партнер.Каде се економските инвестиции во вашиот дел од земјата? Што е со инфраструктурата, за училишта, болници, патишта?Време е за промени, време е да застанете за вашите права како заедница, време е да се почне да се работи повторно на интеграцијата во ЕУ и НАТО.Ова се однесува на вашата иднина. За прв пат, вашиот глас е одлучувачки за сите граѓани кои живеат во оваа земја”, напиша Ванхауте.

loading...
Close
WpCoderX