Началникот на СВР Куманово се обрати: Ова е монтиран процес против мене од Марко Зврлевски и од Митко Чавков

Началникот на СВР Куманово,  Стојанче Величковиќ предмалку излезе пред насобраната толпа, качувајќи се на кровот од полицискиот џип, и замоли масата да се разиде, за да може специјалците да заминат од неговиот дом.

Величковиќ, најверојатно по разговор со специјалците и крим техничари, пред масата порача дека нема да биде приведен, и замоли масата да се разиде.

  • Ова е монтиран процес против мене од  Јавниот обвинител Марко Зврлевски и од Митко Чавков, и ве молам да се разотидете за да специјалците го напуштат мојот дом. Нема да бидам приведен, порача Величковиќ.

Толпата се разиде на другата страна од улицата заедно со началникот, а специјалците кои се уште не се заминати, стојат пред вратите на Величковиќ. Во одбрана да биде приведен, пред домот на Величковиќ во рекордно време се собраа многу граѓани и партиски членови на СДСМ, кои го повикаа и тимот на ОБСЕ за да го регистрира обидот за апсење на началникот Величковиќ.

Неговото приведување следи само 48 часа по завршување на изборите и разрешувањето на Оливер Спасовски од функцијата министер на МВР.

Во моментот на објавувањето на веста, специјалците си заминаа, јавува репортерот на Кумановски Муабети кој се наоѓа на местото на настанот.

loading...
(ВИДЕО) ЖЕСТОК ДУЕЛ НА АЛСАТ! ПЕНДАРОВСКИ ДО ПОПОСКИ: ГИ ПРЕСПАВТЕ ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНЕ, НЕМАТЕ ПОЈ...
Па дали сте нормални?! Наместо да плачеме за децата и цивилите кои умираат од руските бомби во Алепо...
СЈО ПОТВРДИ ДЕКА ЧЕШЛАЛЕ ВО ДРЖАВЕН АРХИВ, ДАЛИ И ФИЛИП ПЕТРОВСКИ Е ВМЕШАН ВО КОРУПТИВНИ ЗДЕЛКИ?
Медлин Олбрајт е подготвена да стане муслиманка поради Трамп
Лајм: Хазби Лика избркан од ДУИ во обид да спречи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?
Американскиот конгресмен Рохрабачер: Македонија не е држава и треба да се подели
Close
WpCoderX