Најчевска: Каква хуманост, парите од откажаните прослави ке заминат во касата на ДПМНЕ исто како оние од поплавите

Која бре хуманост.
Ова е навистина измотавање, а да не зборувам дека е копирање на Србија.
Не знаеме ништо сами да смислиме па секогаш ќе бидеме копи кет?
Наместо систем за социјална поддршка ќе стимулираме популистички мерки кои ќе имаат сомнителен ефект (посебно во услови кога не се ни знае каде одат парите за хуманитарна помош).
Јас очекувам дека овие пари ќе отидат во касата на ДПМНЕ.
Впрочем, прашал некој во последно време што се случи со донациите за поплавените? Или секое чудо за три дена.
Ма малку ме заморува популизмов кој по правило се вози на бран на глупост и незнаење на голем број луѓе.

Мирјана Најчевска

loading...
Close
WpCoderX