СЕ НАЅИРА УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИК НА КОНТОТО НА СДСМ? ОКОЛУ 40 % ИЗЛЕЗЕНОСТ ВО ТЕАРЦЕ ДО 13 ЧАСОТ

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на избирачкото место број 2011 во Теарце до 13 часот на гласање излегле 252, или 35.29 отсто од запишани 714 избирачи во Избирачкиот список.

 

Следниот податок за излезеност на гласачите ДИК ќе го соопшти по 17 часот.

Гласањето се одвива мирно и без проблеми. Околу 9 часот имаше петнаесетминутен прекин поради проблеми со УВ-ламбите, но тие се заменети и гласањето продолжило.

На гласачкото место се и набљудувачи од политички партии и од невладини организации, забележително е и присуство на припадници на полицијата.

Првичните резултати од гласањето се очекува ДИК да ги соопшти на прес-конференција во 21:30 часот.

ДИК донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

loading...
Амби Бајрам: Во бундата сум како Доналд Трамп! Новинарите можат да ги следат моите трендови!
ЦИВИЛ: ВЕРО НЕМА ДА ГИ ПУШТИ ВРАБОТЕНИТЕ ДА ГЛАСААТ
Жерновски кога ќе порасне сака да биде Груевски: Нова боемска улица двојно поскапа од веќе постоечка...
Кина ке удри по силниот долар со либерализација на пазарот на валути
МОЛК НА СЈО & АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА
ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ОТВАРАТЕ СМЕТКИ! НЛБ ТУТУНСКА БАНКА НАПЛАЌА ПО 20 ДЕНАРИ ЗА ПРОВЕРКА НА СМЕТКА
Close
WpCoderX